РСЕ: Кој може и сака, на работа и по пензија…

Недостигот на работници во земјава поради заминувањето во странство на многу граѓани, остава сериозни последици врз бизнисот и економијата.



Бизнис заедницата, смета дека е потребна реформа која ќе овозможи на работникот да му биде дозволено да работи над дозволената старосна граница доколку има таква волја, пренесува Радио слободна Европа.

Според Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи, овој момент е клучен да се направи флексибилност на пазарот на трудот, со оглед на моменталните разговори за Законот за работни односи меѓу Министерството за труд и социјална политика, Бизнис конфедерација, Организација на работодавачи, Конфедерација на слободни синдикати и ССМ.

„Тоа може да се регулира како што е во одредени сектори и дејности во нашата земја, треба да се направи да биде слободен избор на работникот кој се чувствува дека може да работи и да придонесува. Они кои се истрошени во трудоинтензивните дејности, за нив може да се направи мерка да одат порано во пензија од предвидениот рок.

Има луѓе кои се чувствуваат спреми и способни за работа, особено кога би можеле дополнително, покрај пензијата која ја имаат како стекнато право, дополнително да добиваат приходи и да полнат Буџетот со сите социјални придонеси и персонален данок“, вели Бошков за Радио слободна Европа.