Со пеналите за неповлечените транши за капиталните инвестиции од 10 до 18 милиони евра можеше да се изградат 30-тина градинки. Недозволиво е, како што покажуваат бројни ревизорски извештаи да нема одговорност за повлечени средства за капитални инвестиции, објаснува за „РСЕ“ професот Борче Треновски.
За една година повеќе од двојно е зголемена референтната каматна стапка. Инфлацијата по ланските рекорди од речиси 20 отсто, во септември изнесува 6,6 проценти. Може ли да се очекува стабилизирање на каматите?
Каматните стапки се генерално поврзани со движењето на повеќе параметри, пред се во нашата економија. Ако земете в предвид каматните стапки не се единствениот инструмент кој го презема монетарната политика со цел да ја заузда инфлацијата. Генерално имате мала и отворена економија, имаме фиксен девизен курс и нашите каматни стапки зависат од неколку фактори. Првиот фактор е инфлацијата, во таа насока треба да споменеме дека инфлацијата успорува, се стабилизира, но ризиците постојат.

Гледате нови геополитички судири се случуваат, во Израел имаме нов конфликт кој е поврзан со дестабилизација на Блискиот исток, кој е поврзан со енергенсите, пред се со нафтата. Конфликтот во Украина се уште трае. Има определени најави дека има определени инфлациони притисоци има во дел од нашите трговски партнери, оние со кои имаме комуникација, и тоа е некој тип на ризик. Имаме во нашата економија инфлациони очекувања поврзани со однесувањето на нашите бизнис субјекти.
Гледаме дека базичната инфлација се уште не е намалена односно ценовниот шок е пренесен од храната и енергијата на останатите производи. Така да, се уште постојат ризици и треба да се биде исклучително внимателен.
Централната банка со каматните стапки треба да биде исклучително внимателна. Треба да ги следи и финансискиот сектор и економските случувања со цел да не го оптовари, односно да не го инхибира, да не го успори економскиот раст, и треба да се грижи за финансиската стабилност на банките. Тој дел е исклучително стабилен, кредитирањето се успорува постепено, депозитите постепено растат.
Така што во ситуацијата во моментов е стабилна, а реакцијата која ќе ја преземе Централната банка ќе зависи од тековните случувања. Кога ризиците ќе се намалат, кога ќе се стабилизира се она што го спомнав, тогаш може да зборуваме за директно и отворено за намалување на рестриктивноста на монетарната политика. Повеќе на РСЕ.





