Во планираниот буџет за одлив на пари за тековната година, стои дека Државна лотарија ќе изнајми и реконструира деловен простор и покрај тоа што сега просторииуте на оваа „институција“ се наоѓаат во познатата зграда на Македонската радио телевизија во Скопје.



За таа намена, државната компанија планирала 60.000.000 денари или 970.874 евра со пресметан ДДВ, дознава РСЕ.

Во првите 10 десет месеци од годинава, Државна лотарија нема купено нов деловен простор.

Но, договор за изнајмување на деловен простор и негова реконструкција веќе е склучен.

Условите на Државна лотарија во повикот предвиделе објектот да се наоѓа на пристапна локација со добро сообраќајно решеније за лесен и брз влез и излез во и од градот Скопје.

Потоа, објектот да биде лоциран во радиус од максимална одалеченост од шест километри мерено од Плоштад Македонија. Деловниот објект (административниот дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од 2.000 до 2.500 квадратни метри, дознава РСЕ.