РСЕ: Дриблање за дефокусирање од аферите

Министрите од ДУИ се релаксираа со дриблање во кабинетот на вице-премиерот Артан Груби, а потоа, Груби дриблаше и на прес конференцијата ва Владата по потпишувањето на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, за изградба на автопатите Струга – Ќафасан, Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар – Букојчани, од Коридорите 8 и 10.
Испадна најважно дали е некој „забеган“, каква вратоврска и чорапи носи Груби, а договорот за изградба и договорот за надзор станаа маргинална работа пишува Радио Слободна Европа.



Автопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не почнати, се соочуваат со скандали. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали анализира РСЕ.мк.

Линк до целиот текст.