На три дена до Самитот на ЕУ, на кој треба да се одлучи дали ќе се одблокираат македонските евроинтеграции, јавноста официјално не го видела „францускиот предлог“, ниту, пак, владата се изјаснила дали е прифатлив за неа, пишува РСЕ.



Дел од медиумите кои го добиле предлогот, објавија дека тој ги содржи сите бугарски барања, освен за македонскиот јазик.

Бугарски претставници оценија дека се работи за предлог во вистинска насока, но оти треба да се доработи.

Ако официјална Софија го отфрли предлогот, владата во Скопје нема да мора да се изјасни, во услови кога има отпор во јавноста, дури и меѓу поддржувачите на власта.

Тогаш на сила останува ветото и закочената евроинтеграција на Македонија, оценува РСЕ