РСЕ: 15.000 украински војници ќе се обучуваат во земји на ЕУ

Министрите за надворешни работи на Европската унија на денешниот состанок во Луксембург се очекува да се договорат за обука на 15.000 украински војници од следниот месец и дополнителни 500 милиони евра за испорака на оружје за Киев.



Двајца високи претставници на ЕУ изјавија дека воената обука на украинските војници ќе започне во средината на ноември и ќе се одржи на територијата на ЕУ во Полска и во Германија.