Со негативна реакција се јави Руската православна црква (РПЦ) по одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае Охридската архиепископија како канонска црква.
Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА за каконска
Од РПЦ велат дека ги признаваат исклучиво правата на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.
„РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон овој проблем на Српската црква на која и понатаму ѝ ги признаваме канонски права во Северна Македонија“, вели секретарот на Одделението за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук, во реакцијата која ја пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на рускиот „Спутник“.
Вселенската патријаршија вчера одлучи да ја отстрани повеќедецениската шизма наложена врз Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признае црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа.







