Бугарскиот претседател Румен Радев увери дека ќе го исполни Уставот и по консултации со политичките сили на 6-ти март ќе го додели мандатот за формирање влада на првата политичка сила, коалицијата ГЕРБ-СДС.
На прашањето дали е прифатливо Марија Габриел да биде и премиер и министер за надворешни работи, Радев изјави дека не сака да се меша во работата на Владата.
Извесно е дека од игра испаѓа досегашниот премиер Николај Денков за кој се шпекулираше дека би можел да биде шеф на бугарската дипломатија
„Николај Денков е несоодветен за функцијата министер за надворешни работи“, изјави пратеникот од пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Тома Биков.
Според Биков, Денков не ја ни читал книгата на Хенри Кисинџер – „Дипломатија“, за да има претензии да ја зазема функцијата министер за надворешни работи.
Бугарија ќе западне во серија гафови, а потоа Марија Габриел ќе оди и ќе ги исправи неговите киксови, коментира Биков.
Според него, оценката за работата на Марија Габриел е добра и во Бугарија и во странство.






