Ротација на СДСМ функционери: Царина, Прилеп, Карпош, ЈП Водовод…

Извори во СДСМ тврдат дека во тек е спроведување на план за ротација на неколку високи партиски функционери кои што ќе ги сменат своите функционерски позиции без за тоа да биде прашања пошироката партиска база.



Изворите тврдат дека и во најновите комбинаторики не се вклучуваат нови млади образовани луѓе туку се инсистира на кадри кои не покажале добри резултати на своите стари позиции но се блиски на партискиот врв и затоа ќе добијат високи функции.

Според последните информации од извори во СДСМ во тек е операција со која на директорско место во Царинската управа на Македонија на местото на Горан Сугаревски кој заминува за кандидат за градоначалник на Прилеп треба да дојде досегашниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.

Според последните анкети Богоев не стои добро во неговата општина, неговиот татко е инволвиран во скандалот и процесот за меѓународниот сојуз на Боки 13 со кого тој потпишал меморандум поради што тешко ќе победи во традиционалнкот бастион на СДСМ Карпош.

На местото кандидат за градоначалник на Карпош треба да дојде Душко Весковски директор на скопското јавно претпријатие Водовод и Канализација.

На чело место на ова јавно скопско претпријатие се подготвува еден од скопските членови на СДСМ од албанската етничка заедница за што имало повеќе дебати во партијата.