Статус кво ситуацијата ќе продолжи со години, доколку годинава не биде решено прашањето со името, оцени денеска за заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев, германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот,
Тој ја поздрави изразената волја од двете страни да се стигне до компромисно решение за името.
„Последните изјави ја потврдуваат волјата прашањето сега да се реши, и двете страни се подготвени за тешки компромиси. Германија дава целосна поддршка“ изјави германскиот министер кој не го употреби уставното име на земјата во својата изјава.
Германија ја поддржува европската перспектива на земјата и одблиску ќе ги следи извештаите за напредокот, изјави министерот Рот кој ги спомна реформите и владеењето на правото:
„Спроведувањето и конкретните резултати е суштински. Првенствено, ова е задача на владата, тоа е евидентно и јасно,. Меѓутоа не е само владата одговорна за промени. Сите во земјата имаат задачи да придонесуваат за ромените. Особено опозицијата“, рече Рот.




