Рот: Борба против корупцијата е услов за влез во ЕУ, но и уставните измени…

Сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот, пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието.



Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за измените на кривичниот законик и нивното брзо носење, Рот рече дека сега не е време да се уценуваме меѓусебе, туку да се фокусираме на уставните измени.

Рот рече дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава тука треба да решат за тоа.

Но, сега ние зборуваме за промена на Уставот, што се однесува на бугарското малцинство и други прашања, кои се исход од еден многу долг, тензичен и контроверзен процес на преговори со ЕУ, специјално со Бугарија.

Мојата главна цел е да ги забрзаме преговорите меѓу ЕУ и с. Македонија, бидејќи Македонците заслужуваат членство во ЕУ што е можно поскоро. Потребна ни е поголема амбиција од двете страни и од страна на ЕУ и од страна на земјава“, рече Рот.