Македонскиот научник од светски глас Горазд Росоклија со поразителна констатација, воедно и жешка шлаканица за мнозинството во Македонија во однос на македонскиот идентитет.
„За мнозинството во Македонија, македонскиот идентитет е апстрактен поим, вредност која не им е вградена и чие значење не го разбираат, а човекот не се бори за апстракција“, реагира под објава на Твитер професорот на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.






