Горазд Росоклија, професор на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав, коментира под објавата на Твитер од експратеникот Илија Димовски за изборите во Бугарија.
Бугарија, политиката кон Македонија, негирање постоење македонска нација, јазик и историја, не ја сменила од 19 век до денес, со кратка епизода во времето на Димитров, и нема да ја смени. Нашиот проблем не е Бугарија туку полуписмената, поткуплива, макадонска политичка багра.