Росоклија: Дали тоа што Заев го добива вреди за тоа што сите го губиме?

Професорот на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, преку својот профил на „Фејсбук“ јавно го прозива премиерот Зоран Заев за потезите во разговорите со Грција за разликата за името на Македонија.



„ШТО РАЗМИСЛУВАМ
(FB: what’s on your mind?)

Дали Зоран Заев седнал со некого, да му објасни до каде ја доведе Македонија со политиката која му е диктирана, а тој ја спроведува, и кој ќе биде конечниот исход за Македонија и за Македонците?

Дали тоа што тој го добива вреди за тоа што сите го губиме?“, напиша членот на Македонска академија на науки и уметности (МАНУ) надвор од работниот состав.

Во конверзацијата со тие што коментираа на неговиот пост Росоклија со уште неколку подетално образложени сопствени ставови за името.

Навредливите зборови ја празнат личната фрустрација, но не водат кон решавање на ниту еден проблем. 300.000 гласаа Зоран Заев да е премиер. Дијалогот со премиерот е дијалог со нив“.

„Молчењето не е од страв. Молчењето е од незаинтересираност. Имањето сопствена држава и постоењето како Македонци на многумина им нема значење. Таквите постепено сфаќаат дека македонската држава и македонската нација не се само апстракција, само име, туку се суштина на нивната егзистенција. Тоа што следи не е ‘промена на името’, туку е бришење на македонскиот идентитет, национален идентитет. Немање македонска нација поставува прашање кои сме ние Македонците во Македонија и следи нов договор со Албанците, а тој нов договор по федерализацијава која е во тек, значи мирна или по инциденти поделба на земјата. Со наплив на 150.000 бегалци оваа година, ќе дојде до промена на етничкиот состав на населението и поделбата на земјата меѓу Албанија и Бугарија многумина ќе ја видат како спас, бидејќи припојувањето кон Бугарија (Црквата веќе го направи тоа) ќе ни овозможи да бидеме мнозинство како словенска популација и како христијани, не како вера, туку како културно наследство. Не знам колкумина ја гледаат оваа иднина и не знам дали Зоран Заев ја има големава слика пред себе или исполнува наметнати задачи, ден за ден, без да види каде нè доведе и каде нè води“.

„Ништо не може да избрише еден народ од негово постоење. Не нè избришале кога сме немале универзитети, ниту образувани Македонци во македонски институции и така натаму, сигурно нема да нè избришат сега. Но, ова што го прави власта со поддршка на опозицијата нè враќа многу назад и ќе ни биде потребно време и многу памет да ги решиме од власта креираните проблеми“.