Поразот на Португалија од Србија со 2:1 во Лисабон во последното коло од мундијалските квалификации ги поттикна мајтапчиите од ексјугословенските простори да му фаќаат сеир на Кристијано Роналдо, и тоа плашејќи го со – Македонија!



„Немај гајле Кристијано. Па, мајката, ништо уште не е загубено, го има и тој бараж. Под услов да ја избегнете Македонија. Ако не, тогаш можеш веднаш да ја фрлиш лентата“, му порачаа преку Фејсбук на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.