Ромите се обединија во поддршка на Пендаровски

Лидерите на ромските политички партија одржаа заедничка прес-конференција на која изјавија дека ќе поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, на претседателските избори кој, според нив, ќе овозможи подобра иднина за Ромите.



„Доаѓа нова ера, живот за сите, сите граѓани, вклучувајќи ги и Ромите, заслужуваат стабилна економија, континуирано вработување, повисоки плати, квалитетно здравство и решено станбено прашање. Нашите деца треба да бидат вреднувани по нивниот труд, а не по нивната кожа“, нагласи во вели градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

На прес-конференција зборуваа и Амди Бајрам, Самка Ибраимовски и Неждет Мустафа.