На социјалните мрежи стана вирална снимка на емисија на романската ТВ „Антена 3“, на која министерот за земјоделство Петре Даеа се слуша како ‘рчи клако одговор на новинарско прашање за судбината на романските земјоделци, на кои им се заканува банкрот, во контекст на ниските цени на житото во Украина.
Кога повикот бил воспоставен онлајн во попладневна емисија, на другиот крај од линијата се слушало дишење на човек што спие, па дури и ‘рчење.
„Дали нè слушате, министре? Повторно се поврзуваме“, изјави водителката по неколку секунди збунетост но и насмевка кај другите учесници во емисијата.
Дел од видеото беше објавена TikTok @bramburas, од каде брзо стана вирално.
Петре Даеа го коментираше инцидентот, но изјави дека ниту некој му се јавил а па најмалку дека спиел и ги обвини новинарите дека „профтираат“ од наводниот настан.
„Кој знае на кого се јавиле? Некој рчеше, од таму, од нивната врска, не можам ни да сфатам“, изјави Даеа.
Министерот се правдаше дека не бил тој “Јас, не спијам ни навечер, како можев да ‘рчам среде ден?“







