Големите супермаркети во Романија ја ограничија продажбата на некои производи како брашно, шеќер, масло и пченка, објавуваат локални медиуми.
Шеќерот и маслото почнаа да исчезнуваат од продавниците, пишува Gazeta de sud.
Во моментов се купуваат најевтините производи, а главните производи се уште се во продавниците.
Маслото, брашното и шеќерот брзо исчезнуваат од полиците. Некои синџири продавници
почнаа да го ограничуваат количеството масло, шеќер или брашно што клиентите можат да го купат, со ограничување од 5 парчиња по артикал по лице.
Граѓаните се чини не веруваат на уверувањате дека „цените нема да пораснат“.
„Ги повикуваме потрошувачите да бидат одговорни и да не купуваат повеќе отколку што им е потребно за дневна потрошувачка“, се вели во соопштението на Здружението на големи трговски синџири во Романија.
Се забележува дека има значително зголемување на побарувачката за храна со ограничен рок на траење.
Последните податоци на Националниот статистички институт покажуваат дека брашното, шеќерот, пченката и сончогледовото масло поскапеле повеќе од другите производи во Романија. Паниката игра многу важна улога во покачувањето на цените, забележува hotnews.ro.







