Ракометната репрезентација на Романија, водена од поранешниот трофеен тренер на Барселона, Чави Пасквал, ќе ѝ биде првиот противник на Македонија во новиот формат на баражот за Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.
Првиот натпревар ќе се одигра на 14 март во Скопје, а возвратниот шест дена подоцна во Романија.
Победникот од двомечот потоа ѝ оди на мегдан на Чешка, со која ќе ги одмери силите на 11 и 17 април.





