На повидок е нов скандал околу гласањето на финалната вечер на изборот на песна за Евровизија во Торино.



Шефот на романската делегација на Изборот за песна на Евровизија, Јулијана Марчук, дека 12-те поени што земјата ги даде за песната на Молдавија и припаднаа на Украина, која стана победник на натпреварот, објави Romania Insider

Марчук рече дека Романија не знае зошто тоа се случило во моментот и увери дека работата на жирито во Букурешт е во согласност со правилата на Европската унија за радио и телевизија (ЕБУ), која очекува одговор на ситуацијата.

Финалето на Евровизија го доби Украина со многу убедливо водство и дури и корекција на резултатот тешко би го променила конечниот победник.

Тимот на романската телевизија бил изненаден кога за време на големото финале дозна дека оценката на романското жири не била земена предвид при пресметувањето на конечниот пласман.

Организаторите на натпреварот го поништиле и доделиле „уште еден сет на поени на финалистите во име на жирито“ на Романија, се вели во соопштението за печатот на ТВРоманија, истакнувајќи дека правилата биле променети во текот на играта без претходно да бидат информирани учесниците.