Романија вчера ја обвини за корупција злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење, Лаура Ковеси, кандидат за Јавен обвинител на ЕУ, што значи дека таа не може да патува во странство, известуваат медиуми.
Романската влада, која моментно го држи ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, активно лобираше против Ковеси, поранешна антикорупционерка која минатата година доби отказ.
Откако беше сослушана за делата за кои ја сомничат, Ковеси изјави не смее јавно да зборува за случајот
„Ова е обид да ме замолчат, да н’е исплашат сите во правосудниот систем што си ја вршиме работата. Најверојатно некои луѓе се толку очајни дека можам да ја добијам работата (главен обвинител на ЕУ) и затоа не ми дозволуваат да зборувам со медиумите“, рече Ковеси.
Лидерите на Европскиот парламент претходно овој месец ја поддржа Ковеси а Главен обвинител на ЕУ, функција која за прв пат се воведува.





