Богдан Драгичи, романски адвокат кој со автомобил удри во вратата на руската амбасада во Букурешт, активираше експлозив и загина, најверојатно се самоубил, пишува Балкан инсајт.



Драгичи е осуден на 15 години затвор за корупција и силување на малолетници.

Полицијата размислува дали овој случај е самоубиство бидејќи пожарот избувнал веднаш откако полицајците му наредиле на Драгичи да излезе од автомобилот. Обвинителот смета дека возачот откако удрил во вратата на амбасадата активирал уред.

Иинспекторите пронашле кофи со запаливи материи во автомобилот. Истрагата ја презедоа Обвинителството при Букурешкиот трибунал и Службата за убиства во главниот град.