Ројтерс: Србија се согласила да ја вооружува Украина!?

Србија, се согласила да испорача оружје во Киев или веќе го испорачала, објави Ројтерс, повикувајчи се на „протечените“ доверливи документи на Пентагон.



Ројтерс пишува дека документот со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“ е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади и нивниот одговор во врска со барањата на Украина за воена помош.

„Табелата покажа дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати воена помош или веќе ја доставила. Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност во иднина да ѝ обезбедува оружје на Украина“,пишува Ројтерс.

Србија е единствената земја во Европа која одби да воведе санцкии кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. Од почетокот на војната во Украина, Србија се трудеше да одржи неутралност во однос на конфликтот и притоа да ги задржи добрите врски и со Русија и со Европската Унија, пренесе „360 степени“.