Родителка за хаосот со “дигиталните учебници”: ДА ЖИВЕЈ ЦАРОЈЦА!!!

Родителка на ученичка раскажува дека електронскиве учебници ги направиле сите членови на семејствата на учениците заложници.



“Хаос невиден, страници измешани, математика решаваш задача од екран и многу е јако, македонски читаш и ти забегува курсорот надолу нагоре. Јас, Ти , Тој, Тоа, Таа, сите нервозни. Фамилијарна состојба ХАОС.

Родителите од децата од класот во кој учи и ќерка ми, се надевавме дека училиштето ќе испечати учебници, а ќе добијат и таблети. Така ни беше речено, море и ветено. Пред две недели побаравме повторно средба со директорот и наставниците, кога бевме информирани дека од ветеното ништо, зашто од Министерство ги испокарале и им рекле дека ќе ги злоупотребат авторските права.

Наводно, по ова, се состанаа и пртставниците на родителите од сите училишта на која средба ,,требаше,, да има точка на дневен ред со барање за печатење на учебници. Од одржаниот состанок, ,, ТРЕБАШЕ,, да се донесат заклучоци кои би се испратиле до Царојца. Нит заклучоци добивме како родители, нит црни камења.

Направивме сто средби и барања до надлежните, се испокаравме меѓусебе родителиве, се караме и нервираме сите дома, зошто редот на учењето ни го зеде комјутерот, и тој си ЦАРУВА СО СИТЕ НАС. Висиме како мајмуни по столици, наместо вообичаеното читање завиткан со топло кебе на кревет.

Родителите, од вчера изгубивме нерви и по некои канали најдовме и порачавме печатени учебници од Битола. Прашањево ми е: како Министерство не ги лови за авторски права овие кои на ангро печатат, а училиштава не смејат? Некој овде страшно лажи и печали пари.

Мое мислење е дека гломазното превработено Министерство од Царојца, не направи саглам мајмуни, оние кои висиме по столици и оние кои ќе платиме за учебници.

Многумина си седеја дома и си свиркаа кога се организираа протести. Но, годинава нам на четвртооделенци ни заигра мечката во дворот, од година ќе Ви игра на сите.

Да си ЧУТИТЕ ДА СИ ТРАЈТЕ!!!

Оваа ,,САГА ЗА УЧЕБНИЦИ,, е само државата да се откачи од трошикот за печатење,,, ништо друго. Ако државата се откачи од овој трошок, ќе ни каже ли некој податок колку државата ќе заштеди по овој основ и колку нови училишта би изградиле, со заштедените пари, кои им ги плативме ние родителите.
Да се избрше она БЕзПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ од секаде, зашто се е со платно.

Да живеј Царојца со нејзиниот новитет и ум, да заебава цела НАЦИЈА. Да живеј!!!

За крај, жал ми е како ќе се снајдат децата и родителите во некои планински рурални средини”, пишува родителката за хаосот што го предизвика министерката Царовска.