На денешната седница, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, родителите на деца до 10-годишна возраст, да се вратат на работа со оглед на тоа дека учебната 2019/2020 година е завршена.
Владата, исто така, на седницата го прогласи 15 јули – денот на изборите – за неработен ден.





