Родители „заборавиле“ братче и сестриче во прегреан автомобил

Две деца се пронајдени дехидрирани око биле оставени во автомобил марка „Алфа Ромео“ на паркинг на бул. „Видое Смилевски Бато“.



Настанот се случил вчера, а граѓани реагирале – скришле стакло од возилото и ги извадиле децата на возраст од три години и седум години.

Децата се префрлени на клиника, а била повикана и полиција.

Случајот за „Република“ го потврдиле и од МВР. Се уште не е познато колку време биле оставени децата сами на топлото време во загреаното возило.