„Бидејќи револтот на родителите е во пораст, би било добро Комисијата за заразни болести да излезе и јавно да се изјасни зошто е поволно децата од прво до трето одделение да посетуваат настава“.
Ова е еден од статусите споделен на Фејсбук групата „Поддршка за онлајн настава во 2020-2021 година“ во која досега членуваат речиси 12.000 родители, наставници, лекари, загрижени граѓани кои се спротивставуваат на предлогоот на здравствените власти од септември настава во училишта да посетуваат „најмалите“.

„Владата и МОН имаа долг период за размислување, а не за С П И Е Њ Е и терање К А М П А Њ И, па ако сакате доволно време за да го земат предвид и враќањето на рестрикциите. Ги плаќаме за да работат, а не да дремат и да вадат анкети“- стои во друга објава.
Тие сметаат дека не може од деца да се очекува да се придржуваат до протоколи за безбедност и подготвуваат петиција, но ќе повикаат и на бојкот на наставата доколку не биде земено предвид нивното барање онлајн настава да има за СИТЕ ученици.
Сметаат дека предлогот физичка настава да посетуваат само учениците до трето одделение е дискриминаторски.







