Родилките што сакаат да се породат во струмичката болница на одделот за гинекологија се третираат како во 19 век.
Со објава на порака од болницата која ја пренесуваат повеќе граѓани на сите идни родилки им се наложува да донесат извод од матична книга на венчани.
Со тоа болницата прави дискриминација на тие родилки кои не се во брак или не се регистрирани во матично.
На објавата не пишува што се случува со тие родилки кои останале трудни надвор од брачниот завет.






