Родилка на починатото новороденче во Битола со емотивен статус на Фејсбук реагира на односот во Битолската болница.
Викторија Крстевска, вели дека поминале веќе 12 денови откако е одпуштена од болница, но дека се уште нема добиено отпусна листа.
„Сеуште мојата историја ЈА НЕМА.
Као технички си испишана, а документ од мене нема??? НИКАДЕ? И нема мучканици? Или народски речено, “Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано”?Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А?-прашува Крстевска во статус на Фејсбук.
Додава дека и „од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор ‘) .. иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата“.
Министерот за здравство изјави дека ја чека докторката која била вклучена во породувањето да се врати од пат за да се изготви извештај за случајот.








