Во соопштението на полициските сили на Сингапур, се наведува дека по пет години тестирање, полицајците-роботи можат да служат на високо ниво на аеродромот Чанги во Сингапур, додека патниците велат дека – потсетуваат на научно-фантастични филмови..
Работа на полицајците-роботи кои патролираат на аеродромот е да делуваат како дополнителна поддршка за безбедносните сили и се вклучени во пописот на полициските сили во Сингапур.
Се најавува дека потребата на роботска полиција низ целата земја постепено ќе се зголемува.
Тие не се само за шоу, туку можат да ги предупредуваат луѓето околу нив со сирени и звучници до доаѓањето на „вистинските полицајци“.
Полицајците-роботи, чија висина надминува 2,3 метри, имаат визуелен надзор од 360 степени.






