Робертсон: Погрешно ве викав ФИРОМ, тоа може да се смени

„Кога бев генерален секретар на НАТО бев приморан да ја нарекувам земјата ФИРОМ и тоа беше погрешно. А тоа може да се смени засекогаш на 30 септември. Договорот кој е постигнат со Грција ви го гарантира идентитетот и културата, јазикот, и ви ја отвора вратата кон Европа“, рече лорд Џорџ Робертсон, член на „Охридската група“ за поддршка на земјава, на вчерашната трибината „ЗА европска Македонија“ во Битола.



На трибината учествуваше и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, пренесе „Битола инфо“.