Робели: „Заев, третолигашкиот регионален политичар, е визионер на потчинувањето“

„Зоран Заев е политичар од трета регионална лига и ‘визионер’ на потчинувањето“ – вака Енвер Робели, албански новинар, уредник на швајцарскиот дневник „Тагес ајнцагер“ и регионален аналитичар на случувањата на Балканот, иронично го оквалификува Зоран Заев, лидерот на СДСМ и претседател на Владата на Македонија, кој безрезервно го потпиша регионалниот договор за соработка на Балканот „Отворен Балкан“, претходно именуван како „Мал Шенген“.



„Визионерската“ подготвеност на Заев да учествува во регионалниот проект, кој подбивно го нарекува „леген – шенген“, Робели ја споредува со ставот на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, кој одби да се приклучи на „Отворениот Балкан“. Овие ставови Енвер Робели ги изнесува во својата колумна под наслов „Зоран Заев се покажа како ‘визионер’ на покорноста и на потчинувањето“, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Авторот на колумната пишува: „Во регионалните иницијативи Албанците (од Албанија) можеа лесно да донесат потребна одлука: а дали дел на иницијативата е Мило Ѓукановиќ? Ѓукановиќ го бојкотира овој ‘леген – шенген’ на српскиот претседател. Додека Зоран Заев од Македонија е политичар од трета регионална лига. Заев се покажа како ‘визионер’ на потчинувањето.“

Извор: https://ina-online.net/zaevi-eshte-treguar-vizionar-i-nenshtrimit/