РКЕ: Вечерва нема да поскапат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека за денес нема да има корекција на цените на горивата.



Во моментот кога измените на Законот за акциза стапат на сила, односно штом Собранието ги донесе и се објават во Службен весник, Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) веднаш ќе одржи главна седница на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза.

Или едноставно кажано ќе биде донесена нова одлука.

Собраниска седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи, беше најавена за денеска.