Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нова кореција на цените на горивата која стапува вои сила во 01 часот по полноќ.



Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар. За еден денар поскапува и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а за 1,50 денари Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

По полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80 денари за литар,

ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,50,

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 81,50 и

Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 81,00 денари.

Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,176 денари и еден килограм ќе чини 39,459 денари.