Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно излезе на протест на кој беше блокирана крстосницата кај Регулаторната Комисија за Енергетика во центарот на Скопје.
Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ кој беше долг околу 400 метри го предводеше лидерот рт на партијата Христијан Мицкоски кој заедно со потпретседателите на опозициската партија трга од седиштето на опозицијата а заврши го пред зградата на Регулаторната комисија за енергетика.
Зад масата луѓе во поворката имаше неколку автомобили со кои беа блокирани улиците Даме Груев и Македонија во центарот на Скопје.
Пред РКЕ ВМРО-ДПМНЕ освен пониска цена на сметките за струја, побара и оставка од сите членови на Регулаторната комисија за енергетика.
„Бараме од оваа мафијашка власт да ги испочитува барањата на граѓаните. Ние денеска дојдовме до РКЕ. Јас подоцна ќе ви дадам и едно видео да видите како нè пречекаа со затворени врати, никој не ни ја отвори вратата за да го поднесеме ова барање до нив“, рече Владо Мисајлоски, потрпетседател на ВМРО ДПМНЕ.
Сите присутни на протестот на опозицијата бааарт пониски сметки на струјата.
„Излеговме за да го поддржиме протестот затоа што ова влијае на сите граѓани во РМ поскапувањето на струјата. Тоа значи земање пари од џебот на граѓаните“, велат дел од присутните граѓани.
Денеска се одржа вториот протест на ВМРО-ДПМНЕ против повисоката цена на струјата што предходно во координација со владата и енергетските компании ја утврди Регулаторната комисија.
Опозицијата најави дека ќе се протестира сè додека не се повлече таквата одлука.
Продолживме со протест и денеска пред Регулаторна комисија. Бараме поевтина струја за народот и оставка на Бислимоски! pic.twitter.com/buFTB8owiZ
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) September 11, 2020
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.1659596627549123/1659596997549086/?type=3





