Според добиените барања од компаниите МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
ЕВН бара 10 до 11“ зголемување на цената на струјата
Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените кои ги бараатѕ споменатите компании.
„ Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок“, смирува Бислимовски.






