Поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски вчера во говорот во МАНУ предложи да се изработи платформа, национална стратегија, со која би се утврдиле насоките по кои државата ќе се движи во иднина, без разлика дали тој пат ќе заврши со членство во Европската унија или не.



„Навистина убаво кажано, убаво е и да се чуе и во оваа прилика една таква визија за национална тратегија иако звучи многу познато и одамна чуено“,пишува новинарот Ерол Ризаов во колумна за Дојче веле.

Пред себе ја имам дебелата книга на 413 страници печатена во тираж од 1.200 примероци насловена како „Национална стратегија за економскиот развој на Република Македонија“ издадена од МАНУ 1997 година, а подготвена 1996 година од стотина научници, експерти и деловни луѓе во време кога Бранко Црвенковски е премиер“ вели Ризаов.

И постетува: „Сето тоа што го бара денес Црвенковски, и многу повеќе од тоа, е напишано рамно пред 25 години. Покрај ангажманот на МАНУ и раководниот тим на Проектот предводен од академик Ксенте Богоев, акад. Никола Узунов, акад. Никола Кљусев и д-р Глигор Бишев, покрај претставници на владата, учествуваат и светски експерти и консултанти на Обединетите нации, десетина консултанти на Виенскиот институт за економски компаративни студии, сите набројани со име и презиме. Опфатени се сите поглавја, почнувајќи од општествениот развој, подготвен од академик Евгениј Димитров, кој ги опфаќа системските и институционални промени, стабилноста на политичкиот систем, развојот на демократијата и особено владеењето на правото со опасностите од грубо поткопување на владеењето на правото, вклучувајќи го организираниот криминал и корупцијата, на кои сега инсистира Црвенковски, потсетува Ризаов.

(…)

„Во оваа 2021 година најмалку требаше Марко да стигне на Косово Поле со 25 години задоцнување.

Ова беше годината кога требаше да се направи сериозна ревизија на оваа исклучително значајна и сеопфатна Национална стратегија која фаќа една педа прав во библиотеките на МАНУ и во канцелариите на владите и на премиерите, ама досега ниту една влада, ниедна партија, ниту еден премиер ја нема реализирано, а многу веројатно ни прочитано“, пишува Ризаов.