„Кое е конечното решение? Или класична принудна управа со странски диктат и експертска влада, или почеток на преговори со ЕУ без еден ден одлагање со меѓупартиски консензус дека реформите од бриселските поглавја ќе бидат единствено мерило за успехот и напредокот на Македонија. Притисокот на Брисел со финансиската и стручна поддршка за остварување на реформите е еден вид позитивен странски диктат. Друго чаре нема.“ – вели новинарот Ерол Ризаов во својата колумна со наслов „Принудна управа или Европа?“, која ја објави Дојче веле на македонски јазик.
Покрај другото, Ризаов натаму пишува: Примитивизмот, провинцијализмот, незнаењето, заостанатоста, екстремниот патриотизам, кој преминува во шовинизам и моќните конзервативни партиски сили со попречување на правдата, напредокот и припадноста на Европа, ја држат Македонија во заробеништво.
Колку ли време им треба на граѓаните на Македонија да размислуваат за избор на понудената и заслужена припадност на цивилизираниот свет, или за нејасни алтернативи, кои водат до исчезнување?





