Ризаов ја советува власта „ала Ататурк“ „насила да ја спроведе одлуката за ‘Бугари во Устав’, иако е шокантна, заради историските промени“!

„Денес да се блокира патот на на неопходните реформи и на европеизација на сопствената земја е најголемото предавство на националните и државните интереси. Не може да се оквалификува поинаку попречувањето на припадноста кон напредокот и побрзиот сестран развој на татковината.“ – вели новинарот и публицистот Ерол Ризаов во својата колумна со наслов „Реформите на Ататурк и Македонија“, која ја објави Дојче веле на македонски јазик.



Натаму, манипулативно впуштајќи се во бесмислени и неодржливи споредби меѓу Кемал Ататурк и тогашна Турција со денешна Македонија, Ризаов ја советува сегашнава власт да се „угледа“ на таткото на современа Туррција, та и таа да спроведе „шокантна одлука заради историски промени“ и во Македонија: „Визиите и реформите на Кемал Ататурк гледани од денешен современ, актуелен момент, се значајни за Македонија колку и за Турција, како извонреден пример на државник, кој направи историја со процесите за модернизација и приближување кон Европа. Toj спроведуваше шокантни одлуки за историски промени, кои му успеаја и покрај големите отпори со силен притисок.

„Во Македонија, покрај долгогодишниот кандидатски статус од 18 години за членство во ЕУ и блокадите од членки на ЕУ – соседните земји Грција и Бугарија, сега продолжувањето на почнатите преговори не го блокира ЕУ, туку немањето меѓупартиски консензус за најзначајната стратегиска државна цел. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски се служат со политички манипулации и подгреваат лажен патриотизам.“