Ривалот на професорката Котлар доби јавна поддршка од шовинистички настроен новинар

Ривалот на професорката Наташа Котлар во вториот круг на изборите во Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, доби јавна поддршка од новинарот Бранко Тричковски, кој во јавноста е познат по крајно невкусниот речник и отворените изблици на мизогинија во текстовите на социјалните мрежи и во одредени провладии медиуми.



Тричковски објави фотографија со Герасимовски, професорот Љубомир Фрчкоски, кој исто така е познат по одредени „недоразбирања“ со претставнички на понежниот пол и Ѓунер Исмаил, под која напиша дека кандидадот на СДСМ бил одреден да ја одбрани „највисоката и најважната кота на овие избори“.

„Со моите стари другари Ѓунер и Фрчко и со социјалдемократскиот кандидат за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски. Му посакавме успех во вториот круг. Тој е одреден да ја одбрани највисоката и најважната кота на овие избори. Можеби на некој ќе му се чини претерано, но јас мислам дека изборите во Центар се и избори за Македонија. Би сакал да не е така, но така е. Натпреварот за Центар ќе има силни импликации врз односот на политичките сили на национално ниво и со оглед на нивните идеологии и моралнополитички вертикали, тој избор ќе го допре, позитивно или негативно, прашањето за македонскиот државен и национален проект. Да, да, толкаво, им е значењето. Центар, Карпош,и Скопје не смеат да паднат, нека не ви звучи оваа премногу патетично и титовски, битката не е меѓу вмро и сдсм или меѓу Заев и Мицковски, битката е за Македонија и за нас. Ги повикувам сите пријатели и другари на 31 да гласаат за овој млад и паметен човек, со добри визии за општината, за градот и за државата“ – пишува Тричковски на социјалната мрежа Фејсбук.