Ривалите на ДУИ победија на косовските избори

Според излезните анкети косовската опозициска партија Самоопределување (Ветевендосје) е победник на денешните предвремени парламентарни избори на Косово.



Излезните анкети објавени од повеќе косовски медиуми веднаш по затворањето на гласањето, откриваат дека партијата на Албин Курти е далеку пред нивните ривали, Демократската партија на Косово, ПДК и Демократската лига на Косово, ЛДК.

Самоопределување може да освои меѓу 50 и 55 од вкупно 120 места парламентот со што ќе дојде во одлична позиција со еден помал политички партнер да формира нова влада.

На изборите во 2019 година Курти освои речиси двојно помалку пратеници, 29.

Самоопределување во Македонија важи за блиска на Алијансата за Албанците на Зиадин Села а ривалска на ДУИ на Али Ахмети.