Македонските фудбалски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа дел од изненадувањето на вечерта во Лига Европа што го приреди речиси прежалениот Динамо Загреб со елиминацијата на Тотенхем на Жозе Мурињо.



Хрватскиот шампион славеше со 3:0 по продолженијата на „Максимир“, со што го анулира поразот од 2:0 во првиот натпревар во Лондон и се пласира во четвртфиналето на второто клупско натпреварување на УЕФА по ранг.

Херој на загрепчани беше Мислав Оршиќ, кој постигна хет-трик, погодувајќи во 62., 83. и 106. минута.

Ристовски беше заменет во последната минута од регуларниот дел, а Адеми три минути пред крајот на второто продолжение.