Голманот на Вардар и на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски реагира на Инстаграм за натписот „Северна Македонија“ на дресовите на кошаркарската селекција.
„Е мој Перо… Македонија“, напиша „министерот за одбрана“ во пораката наменета за претседателот на Македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ.
Кошаркарите денеска загубија и од Италија со 92:84 на квалификацискиот турнир за Евробаскет 2021, кој се одржува во рускиот град Перм.






