Дечки ова со пранкот е чист случај на заробена држава. Да не беше, уште првиот пат кога ќе се јавеше во Владата “Порошенко” профи служби ќе го ставеја на чекање или ќе го прекинеа Премиерот после 15та минута додека нашата амбасада во Киев не провери со украинска влада. Па после како со Макрон ќе се вадеше дека дознал кога било објавено, пишува политологот Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање на политики.
Елаборирајќи го својот став, Ристеска ги објаснува прекршувањето на процедурите од страна на премиерот и грешките кои биле направени од луѓе кои на високи места во администрацијата ги поставило СДСМ или Заев.
“Еве и дури да се случил првиот пат ако биле направени службени белешки и се разменеле преку МНР (за да има follow up за консултантот) ќе се утврдело дека е измама. Ама не е почитувана постапка и процедура. А тоа ја прави државата.
И немаше да се случи три пати, особено не на мобилен приватен телефон. Кој зборува на мобилен приватен државнички разговори?
Колку и да си наивен, отворен, пријателски настроен, неформален политичар во нормална држава има процедури и постапки и ова немаше да се случи. Не трипати. Ама дека си ги вработуваме нашите и нашиот интерес е пред државниот таквата држава е заробена од нашите. Ич да не завлегуваме во содржината на разговорите….
Од оваа перспектива помислете дека правиме ветинг за да се ослободиме од луѓето кои имаат врска со УДБА и руски служби за да можеме да покажеме капацитет за НАТО членство знаејќи дека безбедносни информации нема да отидат кај несојузници.
Ова не е гаф. Ова беше хибридна закана. За да можеме во НАТО и ЕУ треба да ја вратиме политиката во нормала. Државата да ја ослободиме!”, укажува Ристеска.





