Рингачева: Треба закон за катедрите за македонски јазик и за историја, оти се во темелот на Македонија

„Откако македонистите ќе дипломираат, не можат лесно да се вработат; недоволно се почитува Законот за македонски јазик, па лектори нема вработено ниту во државни институции; некои од дипломираните немаат право да полагаат лекторски испит… Ова се само некои од причините, поради кои на повеќе матуранти не им се доволно привлечни студиите по македонистика. Катедрите презедоа мерки да се подобрат слабите бројки од пред неколку години, но сѐ уште не се доволно големи, како пред една деценија на пример.“ – вели весникот „Нова Македонија“ во својата редакциска анализа со наслов „Зголемен бројот на млади, што ги интересира македонистиката, но може и подобро“.



„Зошто студиите по македонски јазик и книжевност почнаа да стануваат привлечни за младите?“

„Нова Македонија“ пишува: „Македонскиот јазик и книжевност се македонски национален интерес и треба темелно да се изучуваат. Бројот на студенти што ги интересира македонистиката се зголемува, но треба уште да расте. Македонистите се категорични дека и државата треба да се погрижи за студиите по македонски јазик и книжевност да го добијат местото што го заслужуваат. Тоа, пак, значи и слоевито решавање на проблемите поврзани со нив.“

„Откако ќе дипломираат, не можат лесно да се вработат, недоволно се почитува Законот за македонски јазик, па лектори нема вработено ниту во државни институции, некои од дипломираните немаат право да полагаат лекторски испити… Ова се само дел од причините поради кои на повеќе матуранти не им се доволно привлечни студиите по македонистика. Катедрите презедоа мерки да се подобрат слабите бројки од пред неколку години, но сѐ уште не се доволно големи, како пред една деценија, на пример. Македонистика во Македонија се студира на четири универзитети – на „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), на „Гоце Делчев“ во Штип, на Државниот универзитет во Тетово и на „Климент Охридски“ во Битола (УКЛО).“

„Проф. д-р Кристина Николовска, раководителка на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на „Блаже Конески“, истакнува дека дел од проблемот е и немањето стратегија за македонистиката на највисоките државни инстанци. “Потребна е визија со јасно поставени цели, преку конкретни проекти, со кои македонистиката би имала подем, афирмација и нов квалитет.’ – вели Николовска.“

Доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, раководителка на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД, смета дека е потребен посебен закон за катедрите по македонски јазик: ‘Министерството треба да се сврти кон катедрите за македонски јазик и книжевност и катедрата за национална историја како национални катедри, за кои е потребен и посебен закон. Тие катедри не смеат да бидат изедначувани со сите други, напротив, тие се во темелот на создавањето на македонската држава, на нејзиното опстојување и растеж. Треба да профункционира Законот за македонски јазик, во кој се предвидува секоја институција да вработи лектор, што ќе се грижи за македонскиот јазик, неговата правилна применливост и чистота.“

Интернет-врска до целата анализа:

https://www.novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/zgolemen-brojot-na-mladi-shto-gi-interesira-makedonistikata-no-mozheme-i-podobro/