Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Македонија за нејзините интеграции кон ЕУ и изразува разочарување што земјите членки на ЕУнијата не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја.



„Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската  иднина на с. Македонија која земјата покажа дека ја заслужува“, пишува амбасадорот Рикер.    

Рикер во писмото изразува оптимизам:

„ Остануваме ваши партнери и оптимисти дека меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро“.