Левент Рифат, спортски работник и тренер заедно со тренерот Никола Кутаноски преку социјалните мрежи објавија дека се спремни да го организираат Oхридскиот пливачки маратон.

„Јас како спортски работник и тренер на клубовите Велосипедски Клуб Шампион Систем Охрид и Triathlon and Swimming club 3Disciplines исто така и тренерот по пливање и триатлон
Никола Кутановски ќе се вклучи во организација на пливачкиот маратон.
Спремни смe и земаме одговорност да го организираме пливачкиот маратон “Св. Наум – Охрид““, стои во објавата на Фејсбук.







