Полковникот Зоран Секуловски кој е одбиен од НАТО како воен претставник на Македонија затоа што не исполнува услови за безбедносен сертификат бил на средба со генералниот секретар на алијансата заедно со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Ова го открива полковникот на АРМ Драган Ковачки.
“Во 2019 го отповикаа претставникот што имаше Указ за во НАТО и назначија свој, ама НАТО го вратил.
Две и пол години местото во НАТО е празно!
*Лицето што НАТО не го прифаќа, Шекеринска го носела во делегација на средба со Столтенберг.
Неверојатно!”, пишува Ковачки кој беше одбиен од власта за технички премиер на ВМРО-ДПМНЕ поради воениот статус.
Поради скандалот со НАТО сега Ковачки бара оставка од министерката Шеќеринска која иако требала да знае дека има безбедносен проблем со Секуловски го однела на состанок со Столтенберг.
Повеќе на темата
Кантера: Нешто чкрипи во македонската Агенција за разузнавање и АНБ






