Режисерот Борис Дамовски објаснува зошто ја нема анимираната серија Еднооки која и во времето на Груевски удираше по власта.
,,Често ме прашуваат зошто нема повеќе Еднооки, најчесто им одговарам дека телевизиите во Македонија „немаат“ пари”, вели Дамовски според кого вистината за исчезнувањето на култната серија се наоѓа во овој дијалог од “Името на розата” од Умберто Еко:
“Вилијам од Баскервил: Но што е толку вознемирувачко со смеата?
Хорхе де Бургос: Смеата го убива стравот, и без страв не може да има вера, затоа што без страв од ѓаволот нема повеќе потреба од Бог.”
И така, шетаат голи богови покрај неми кројачи, а во позадина ечат турски серии, вели Дамовски објаснувајќи ја сликовито ситуацијата на македонските телевизии.





