По условната пресуда за гинекологот Мухамед Асани кој во својата нелагална ординација во својот дом давал здравствени услуги револтирано реагира Платформата за родова еднаквост, во која членуваат речиси 30 здуженија и организации.
За породување жени на црно струшкиот гинеколог довби условна казна
„Со голем револт констатираме дека на ваков начин, и Судот (во Струга) и Лекарската комора застануваат во одбрана на нелегалната здравствена пракса во земјава. Условувајќи го казнувањето на нелегалното работење со чекање да се случи дополнително кривично дело, тие не само што ја одржуваат културата на неказнивност туку и недвосмислено ја поддржуваат системската негрижа за здравјето на жените – наместо лавовски да се борат против неа“, се вели во реакцијата на Платформата за родова еднаквост.
Тие бараат на гинекологот Асани да м у се забрани да ја врши дејноста во најдолгото времетраење превидено во Кривичниот законик.„Доколку вака донесената првостепена пресуда е конечна, во постапката во која гинекологот Мухамед Асани се товари поради тоа што при царскиот рез, на Јилдз Веапоска ѝ извадил три органи, а чие следно рочиште е закажано за 10 март, покрај главната казна, задолжително да биде изречена и споредна казна забрана за вршење на професија, дејност или должност“, бараат од Платформата.
Воедно, од Основното јавно обвинителство (ОЈО) бараат да поднесе жалба и да побара построга казна за Асани, а од Лекарската комора бараат да му ја одземе лиценцата за работа на гинекологот.







